ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА

на Наградната игра
„Со КАНБЕБЕ до мирен сон и возбудливи награди“

Врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од Законот за игрите на среќа и забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15, 154/15, 23/16, 178/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.251/22), Друштвото за за производство, трговија и услуги МАГНОЛИЈА Александар и др. ДОО увоз-извоз Кочани со ЕДБ МК4013994101276 и седиште на ул.Штипски Пат бб, Кочани, Република Северна Македонија ги донесе следните Правила на наградната игра “Со КАНБЕБЕ до мирен сон и возбудливи награди”:

ПРИРЕДУВАЧ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 1

Приредувач на наградната игра „Со КАНБЕБЕ до мирен сон и возбудливи награди” (во понатамошниот текст “наградна игра”) е Друштвото за за производство, трговија и услуги МАГНОЛИЈА Александар и др. ДОО увоз-извоз Кочани со ЕДБ МК4013994101276 и седиште на ул.Штипски Пат бб, Кочани, Република Северна Македонија, претставувано од управителот Александар Крстевски, (во понатамошниот текст: „приредувач“).

ОПИС И ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 2

Официјалното име на наградната игра е „Со КАНБЕБЕ до мирен сон и возбудливи награди”.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Наградната игра ќе започне од 11.11.2024 00:00:01 часот и ќе трае до 16.02.2025 во 23:59:59 часот.

ТЕРИТОРИЈА НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 4

Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува за потрошувачите на пелените во продажните места на целата територија на Република Северна Македонија каде што се продаваат пелените КАНБЕБЕ.

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 5

Целта на наградната игра е рекламирање и промоција на пелените КАНБЕБЕ.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Член 6

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица со навршени 18 години, жители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст “учесници”), кои ги прифаќаат условите на овие Правила и кои за време на наградната игра ќе купат најмалку едно пакување од пелените КАНБЕБЕ и ќе ги испратат податоците од добиената фискална сметка (бројот, датумот и времето на купување) преку веб страницата на наградната игра www.canbebe.mk.
Учесниците во наградната игра ќе можат да испраќаат податоците од фискални сметки преку веб страницата од 11.11.2024 година од 00:00:01 часот до 16.02.2025 година до 23:59:59 часот. Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие Правила и ја изразуваат својата согласност за прифаќање на истите.

НАЧИН НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Во наградната игра може да се учествува со внесување на податоци од фискалните сметки преку веб страницата на наградната игра www.canbebe.mk.

Податоците од фискалната сметка (бројот, датумот и времето на купување) се внесуваат преку веб страницата www.canbebe.mk, со регистрација на учесникот (преку внесување на задолжителни податоци: име и презиме, телефонски број и град, e-mail адреса)

Секој учесник во наградната игра е должен фискалната сметка за купените производи да ја чува неоштетена до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов за да ја добие наградата. Во спротивно, нема да имаат доказ дека се добитници (совет за учесниците: фискалните сметки да се чуваат на темно место заштитено од светлина за да не избледеат). Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, но со користење на различни фискални сметки. Секоја фискална сметка може да се користи само еднаш, без оглед на бројот на пакувања од КАНБЕБЕ пелени евидентирани на истата.
Сите податоци од фискални сметки кои ќе бидат испратени во периодот од 11.11.2024 година од 00:00:01 часот до 16.02.2025 година до 23:59:59 часот, учествуваат во наградната игра, додека сите податоци од фискални сметки кои ќе бидат испратени пред започнувањето на наградната игра (пред 11.11.2024 година 00:00:01 часот), како и сите податоци од фискални сметки кои ќе бидат испратени по завршувањето на наградната игра (по 16.02.2025 година по 23:59:59 часот), нема да учествуваат во наградната игра.

Валидни ќе бидат само фискалните сметки кои се издадени во периодот на времетраењето на Наградната игра согласно член 3 од овие правила
Сите испратени податоци од фискални сметки преку веб страницата ќе бидат верификувани од страна на приредувачот на наградната игра. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен одговор.

Повратните одговори се следните:

  • Кога учесникот (преку веб страницата) ќе ги внесе целосно и точно податоците од фискалната сметка (бројот на фискалната сметка, датумот (ден, месец, година) и времето на купување (час:минута)), системот му испраќа одговор дека фискалната сметка е регистрирана за учество во наградната игра и дека треба да ја чува фискалната сметка за доказ доколку добие награда.
  • Доколку учесникот преку веб страницатане не ги внесе целосно и точно податоците од фискалната сметка, системот му испраќа одговор дека внесените податоци од фискалната сметка не се валидно внесени и ќе содржи пример како треба валидно да се внесат податоците.
  • Доколку бидат внесени податоци од претходно веќе регистрирана фискалната сметка, системот испраќа одговор дека внесената фискална сметка е веќе регистрирана.
  • Доколку бидат внесени податоци од фискална сметка во периодот пред почетокот на наградната игра, системот испраќа одговор на лицето што се обидело да се регистрира, дека наградната игра сè уште не е започната.
  • Доколку бидат внесени податоци од фискална сметка во периодот по завршувањето на наградната игра, системот испраќа одговор дека наградната игра е завршена.

Секоја фискална сметка која ќе биде добитна, нема да учествува во понатамошните извлекувања.
Сите недобитни фискални сметки важат и ќе учествуваат во сите останати извлекувања до крајот на наградната игра.

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 8

Вработените во Друштвото за производство, трговија и услуги МАГНОЛИЈА Александар и др. ДОО увоз-извоз Кочани, и во Еон Еден ЛТД ул. Ванчо Прке бр.1 – Струмица , како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 9

Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласнот од Министерство за финансии, учесниците во наградната игра ќе бидат известени за начинот и условите за учество во наградната игра како и за нејзиното времетраење преку објавување на правилата на социјалните медиуми и на веб страницата www.canbebe.mk, или преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети или постери или воблери или прајс-тагови или шелф-токери).

НАГРАДЕН ФОНД

Член 10

Наградната игра располага со следниот фонд на награди:

  • I-phone-15 мобилен телефон
  • Количка за бебе – 2 во 1 со транспортер и ташна
  • Детско седиште – за во кола
  • Детско креветче – 2 во 1 транспортно / игрална
  • Детско столче – за хранење
  • Детски трицикал – со управувачка рачка
  • Ваучер 2.000мкд за пелени КАНБЕБЕ Ботаникал

Опис на награда Количина Поединечна вредност во МКД без ДДВ ДДВ Поединечна вредност во МКД со ДДВ Вкупна вредност во МКД со ДДВ
I-phone-15 мобилен телефон 7 45,366.52 18% 53,532.49 374,727.46
Количка за бебе - 2 во 1 со транспортер и ташна 7 10,666.67 5% 11,200.00 78,400.02
Детско седиште - за во кола 14 6,657.14 5% 6,990.00 97,859.96
Детско креветче - 2 во 1 транспортно / игрална 21 3,476.19 5% 3,650.00 76,649.99
Детско столче - за хранење 21 3,428.57 5% 3,600.00 75,599.97
Детски трицикал - со управувачка рачка 35 2,372.88 18% 2,800.00 97,999.94
Ваучер 2.000мкд за пелени КАНБЕБЕ Ботаникал 70 1,904.76 5% 2,000.00 140,000.00
Вкупен награден фонд 941,237.42

Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 11

Наградната игра започнува на 11.11.2024 во 00:00:01 и ќе трае до 16.02.2025 во 23:59:59. Еднаш на секои две недели ќе се извлекуваат по 24 награди. Ќе се одржат вкупно 7 извлекувања на следните датуми: 25.11.2024, 09.12.2024, 23.12.2024, 06.01.2025, 20.01.2025, 03.02.2025, 17.02.2025 во 13 часот и на секое извлекување ќе се доделуваат следниве награди:

  • 1 х Количка за бебе – 2 во 1 со транспортер и ташна
  • 2 х Детско седиште – за во кола
  • 3 х Детско креветче – 2 во 1 транспортно / игрална
  • 3 х Детско столче – за хранење
  • 5 х Детски трицикал – со управувачка рачка
  • 10 х ВАУЧЕР 2.000мкд за пелени КАНБЕБЕ Ботаникал

Главните награди – седум мобилни телефони Apple iPhone-15 ќе се доделат на последното извлекување (7-то извлекување) кое ќе се одржи на 17.02.2025 година во 13:00 часот. Во извлекувањето за главните награди ќе учествуваат сите недобитни фискални сметки испратени од почетокот на наградната игра на 11.11.2024 во 00:00:01 до крајот на наградната игра до 16.02.2025 до 23:59:59 часот. Наградата “Ваучер 2.000 мкд за пелени КАНБЕБЕ Ботаникал” се состои од пелени КАНБЕБЕ Ботаникал (големина бр.1 или бр.2 или бр.3 или бр.4 или бр.5 или бр.6 или бр.7 – според желбата на добитникот). Наградата ја обезбедува организаторот и гарантира за истата.

Добитниците ќе се извлечат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на успешно регистрираните фискални сметки од секој учесник. Софтверот е иработен од Еон Еден ЛТД ул. Ванчо Прке бр.1 – Струмица, каде ќе се вршат и извлекувањата на добитниците.

Добитниците на наградите ќе бидат извлекувани поединечно по наведениот редослед. При извлекување на секој добитник, истовремено ќе бидат извлечени и резервни добитници за конкретната награда. Секој добитник на награда ќе биде известен за добиената награда со СМС порака на регистрираниот телефонски број и ќе биде контактиран телефонски од страна на приредувачот.

Доколку добитникот не поседува валидна фискална сметка во оригинал (копија на фискална сметка од маркет или извод од УЈП ќе се смета за невалидна) и/или не ги исполнува барањата од овие Правила, наградата ќе се додели на резервниот добитник. Доколку резервниот добитник не поседува валидна фискална сметка во оригинал (копија на фискална сметка од маркет или извод од УЈП ќе се смета за невалидна) и/или не ги исполнува барањата од овие Правила, соодветната награда нема да се додели. Фискалната сметка треба да се чува како доказ за купениот производ и да се прикаже при подигање на наградата. Податоците во приложената фискална сметка треба да соодветствуваат со податоците во фискалната сметка која е извлечена како добитна. Приредувачот нема да сноси никаква одговорност за внесените податоци што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.

Извлекувањата на добитниците на наградите ќе го контролира комисија составена од два члена: овластен претставник на МАГНОЛИЈА Александар и др. ДОО увоз-извоз Кочани и овластен претставник на Еон Еден ЛТД ул. Ванчо Прке бр.1 – Струмица. Комисијата води записник во текот на извлекувањето.

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ И НАЧИН НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 12

Резултатите, односно телефонските броеви на добитниците со заштитени последни три броја, ќе бидат објавени на веб страницата на наградната игра www.canbebe.mk најкасно во рок од 3 дена по завршувањето на секое извлекување. Секој добитник на награда ќе биде известен преку СМС порака на телефонскиот број со кој се има регистрирано и ќе биде контактиран телефонски од страна на приредувачот.

По утврдувањето на личните податоци (име, презиме, адреса и идентификација со лична карта) и податоците од добитната фискалната сметка како доказ за добивката, организаторот наградата треба да ја испорача најдоцна 60 дена од денот на објавувањето на добитниците.

Стоковите награди ќе бидат испорачани на добитниците на адресата која ја доставиле до Приредувачот (нивна домашна адреса или некоја друга која добитникот ја оставил и назначил дека на таа адреса треба да се изврши доставата на наградата).

При превземањето на наградите, добитниците се должни да се идентификуваат со документ за лична идентификација, да ја предадат фискалната сметка со која учествувале во наградната игра и истата е извлечена како добитна, како и да потпишат изјава и/или записник за примопредавање/преземање на наградата. Во случај кога добитникот од било кој причина не е во состојба да ја подигне наградата, истата може да биде предадена на трето лице врз основа на заверено полномошно кај надлежен нотар потпишанано од страна на добитникот.

Лицето кое е одговорно за предавање на наградата ќе утврди дали податоците за лицето кое ја презема наградата соодветствуваат со податоците доставени до Приредувачот. Дополнително се прави увид во фискалната сметка и се проверува дали бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување назначени во фискалната сметка се поклопуваат со регистрираните податоци со кои добитникот учествувал во наградната игра, како и дали на фискалната сметка е исполнет условот за учество во играта т.е да има минимум количина од едно пакување КАНБЕБЕ пелени. Фискалната сметка се предава на лицето одговорно за примопредавање на наградата.

Доколку се исполнети условите за примопредавање на наградата, се потпишува изјава/записник за примопредавање на наградата кој треба, меѓудругото, да содржи опис на наградата, датум на примопредавање, податоци за лицето кое ја презема наградата (име, презиме, адреса и единствен матичен број-само за добитниците на парични награди за кои се исплаќа персонален данок на доход) и потпис на добитникот (лицето кое ја презема наградата).

ДАНОЧНИ ОБВРСКИ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 13

Приредувачот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и персоналниот данок на доход.

ПРИГОВОРИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Член 14

Незадоволниот учесник има право да поднесе писмен приговор до Приредувачот на наградната игра, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на секој од добитниците и тоа на адреса ул. Штипски пат бр. ББ, Кочани.

Приредувачот е должен писмено да одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.

ОДГОВОРНОСТ

Член 15

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.

Приредувачот не одговара за евентуалните штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде дадена или искористена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки поврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.

ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ

Член 16

Од моментот на преземање на наградата, престануваат сите обврски на приредувачот кон добитникот на наградата.

ПРЕКИН НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 17

Наградната игра може да се прекине само во случај ако настапат околности за кои приредувачот на наградната игра не е одговорен, односно ако постојат околности кои приредувачот не можел да ги спречи, отстрани или избегне согласно член 9 од Законот за игри на среќа и забавни игри и по согласност и известување од страна на Министерството за финансии. Учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра ќе бидат известени по електронски пат или преку друг јавен медиум.

СОГЛАСНОСТ И СОБИРАЊЕ, ОБРАБОТУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 18

Во согласност со Правилата, односно со внесување на потребните податоци на веб страницата на наградната игра, учесникот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на Приредувачот МАГНОЛИЈА Александар и др. ДОО увоз-извоз Кочани, a со цел за учество во наградната игра.

Во согласност со Правилата, доколку учесникот биде известен дека е добитник на некоја од наградите предмет на оваа наградна игра, истиот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани со цел остварување на легитимни цели односно законски обврски (име и презиме, адреса на живеење со улица и број, место и општина, место на престој, и ЕМБГ за доделување односно испорака на добиената награда).

Ова вклучува собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување на личните податоци. Обработката и преносот на податоци од страна на Приредувачот на наградната игра се со цел да се оствари промоција на производите и услугите кои се предмет на оваа активност односно полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра во согласност со овие Правила.

Со учество во наградната игра, учесникот дава согласност неговите лични податоци да можат да се обработуваат и користат за маркетинг цели (директен маркетинг) односно промоција на производите и услугите предмет на оваа наградна игра.

Со учество во наградната игра, учесникот може да даде и согласност да биде фотографиран и снимен, а неговите фотографии и снимен материјал да се обработуваат за целите на наградната игра и истите да се објавуваат на медиуми (пишани, електронски, телевизија и др.), но и за цели на вршење директен маркетинг на производите и услугите на сите поврзани друштва со Приредувачот.

Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна единствено за предмет и цели компатибилни на наградната игра односно со страна чие што учество во наградната игра е неизбежно (на пример, компанија која ги испорачува наградите).

Врз основа на оваа согласност, а доколку не постои друг законски основ, податоците ќе се чуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и другите позитивни прописи во РМ во рок кој е неопходен за исполнување на сите цели и обврски од оваа наградна игра, но не подого од 30 дена по истек на последниот ден за испорака на наградите до добитниците.

Приредувачот се обврзува дека по исполнувањето на целите на наградната игра односно завршување на сите активности предвидени со овие Правила, согласно прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, ќе пристапи кон уништување на личните податоци за кои нема законски или друг основ за натамошна обработка и чување.

Секој учесник има право во секое време да се обрати до Приредувачот на наградната игра и да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг, наведувајќи ги притоа неговите лични податоци неопходни за идентификација на субјектот. Доколку лицето не ги наведе соодветните лични податоци од претходниот став, односно истото не може да се идентификува, неговото барање нема да се спроведе. Учесниците имаат право во секој момент да побараат нивните лични податоци да бидат избришани или да побараат корекција на неточни податоци, како и да побараат информација од Приредувачот на наградната игра во врска со обработката на нивните лични податоци.

Приредувачот нема да ги употребува личните информации за никаква друга цел, освен за потребите на наградната игра.

Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна чие што учество во наградната игра е неизбежно, кои се обврзуваат да ги чуваат и обработуваат овие податоци согласно законот.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 19

Учесникот кој учествува во наградната игра ги прифаќа правата и обврските кои произлегуваат од Правилата на наградната игра. Правилата на наградната игра ги пропишува приредувачот на наградната игра, а истите се применуваат по добиената согласност која ја дава Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат објавени јавно на веб страницатa www.canbebe.mk пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се презентира преку објави на социјални медиуми, или преку промотивните материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети или постери или воблери или прајс-тагови или шелф-токери или палетни дисплеи). Учесниците зa сите дополнителни информации ќе можат да се јават и на инфо телефонскиот број на приредувачот на наградната секој работен ден од понеделник до петок од 10:00-16:00 часот.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ

Член 20

Договорните страни се согласни сите спорови кои ќе произлезат од наградната игра да се решат спогодбено, а во спротивно надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.

Приредувач:

ДПТУ МАГНОЛИЈА
Александар и др. ДОО увоз-извоз Кочани

Управител:
Александар Крстевски